Проблемот со недостигот на лекари не ја засега само Македонија, тоа е криза во цела Европа - дури и мал град во рурална Франција би можел да остане без медицински центар бидејќи не може да привлече нови вработени да ги заменат лекарите во пензија.
Лекарите во францускиот град Ле Виган, стареат. Во обид да се привлечат нови општи лекари кои ќе ги заменат тројцата лекари кои се пред пензионирање, во градот е изграден нов интердисциплинарен медицински центар за да ја направи ординацијата попривлечна за младите лекари.
За пет години потрага по замени, ниту еден човек не се пријавил за работата. „Не мислев дека ќе има такво отфрлање на руралната медицина“, вели Антоан Брун д'Ар, 59-годишен локален општ лекар и еден од основачите на центарот.
И покрај сите напори да се спречи, се чини дека овој мал град на југот на Франција ќе стане уште еден од таканаречените „медицински пустини“.
Ле-Виган, дом на околу 4000 луѓе, не е единствениот француски град кој не може да привлече лекари, но нивото на предизвици со кои се соочува е типично за цела Европа, каде лекарите се или премногу далеку, премалку или премногу стари.
Речиси 7 милиони луѓе во Франција немаат општ лекар. Дури 30 отсто од населението живее го региони со слаб пристап до медицинска нега, вели Гијом Шевиљард, истражувач во Институтот за истражување и информации за здравствената економија.
Во моментов, повеќе лекари во Франција замнинуваат во пензија, отколку што отвораат ординации. Бројот на лекари по општа пракса се намали за 5,6 отсто помеѓу 2012 и 2021 година, а следната деценија ќе биде особено предизвикувачка: иако бројот на обучени лекари се зголеми во последните години, тие нема да ја зголемат работната сила доволно брзо.
Целиот текст можете да го прочитате ТУКА: vocentar.com