Терминот се однесува на „тип на однесување кое се карактеризира со мрзеливост, невештост и алчност и е типично за поединци кои ги отфрлаат општествените норми или очекувања“. Тој се најде на првото место, што беше одлучено со јавно гласање.
Повеќе од 340.000 говорители на англискиот јазик ширум светот го дадоа својот глас за „Гоблински режим“ „Метаверс“ беше вториот избор, а потоа следува #IStandWith. Убедлива победа извојува „гоблинскиот режим“ со 93 отсто од вкупниот број гласови.
Гоблин е митолошко суштество, со изразен нос и уши, кое не го сака општеството, често е злобно и склоно кон трикови.
Претседателот на Оксфорд , Каспер Гретвол рече дека тој и неговите колеги „се надевале дека јавноста ќе ужива да биде вклучена во процесот“ и дека биле „целосно изненадени“ од нивото на ангажираност.
Победничкиот термин првпат „осамна“ на Твитер во 2009 година, но стана вирален на социјалните мрежи во февруари 2022 година.
Гоблинскиот режим „ја прифаќа удобноста на мрзеливоста“, напиша во март известувачот на Гардијан, Кери Пол.
Хаштагот #goblinmode на Tik Tok често се користи како повратен удар против трендот да се биде „најдобрата верзија од тебе“, т.е. станување рано за вежбање, изведување сложени рутини за нега на кожата и пиење органски зелени смути - и, се разбира , објавувајќи ги сите детали за сето тоа - на социјалните мрежи.
Употребата на „гоблински режим“ се зголеми во првата половина на 2022 година, кога беа олеснети ограничувањата поради Ковид 19 во многу држави.
„Режимот на гоблин“ навистина кажува многу за времињата и желбите, и дефинитивно е израз од 2022 година. Луѓето ги гледаат социјалните норми на нови начини. Тоа им дава дозвола на луѓето да ги отфрлат општествените норми и да ги прифатат новите“, вели американскиот лингвист Бен Цимер.
Прочитајте повеќе на темата: Зошто Гоблинскиот режим „ја прифаќа удобноста на мрзеливоста“