Јапонците се познати како вреден народ кој многу ја почитува и негува својата култура и традиција.
Прочитајте како сите во Јужна Кореја ќе се подмладат за 1 до 2 години
На СП во Катар ги видовме на дело, кога ги чистеа трибините по крајот на натпреварите не само кога играше Јапонија, туку и другите репрезентации.
Бидејќи се толку посебен народ, одвоивме неколку помалку познати факти за Јапонците:
1. Идиот е најнавредливиот збор во јапонскиот јазик.
2. Јапонците јадат делфини.
3. Оставањето бакшиш нема да ви донесе ништо добро, бидејќи се толкува како потценување на работата на келнерот.
4. Шансите вашиот паричник да биде вратен во Јапонија со сите пари и картички во него се над 90 проценти.
5. Токио важи за многу безбеден град, а децата од осум до девет години сами го користат јавниот превоз.
6. Работењето 18 часа без пауза не се доживува како нешто необично, доколку има рокови или слична ситуација.
7. Во Јапонија често можете да видите вазни со чадори на улиците, па ако почне да врне, секој може слободно да ги користи.
8. Во Јапонија месеците немаат имиња, само бројки.
9. Јапонија е единствената земја во светот која сè уште има цар.
10. Сировото коњско месо е популарна храна во Јапонија.
Извор: kajgana.com