Светското првенство во фудбал во 2022 година се одржува во Катар, најбогатата земја во светот. А на богатите од овој дел на светот им се (не)официјално дозволени ексцентричности од секаков вид, вклучително и манифестацијата која традиционално секоја година се одржува на овие простори. Убавиците доаѓаат од сите заливски земји за да се натпреваруваат на аукции, трки и во изборот на најдобрите во перформанси.
Овој настан е познат како Камел Мазајна или Избор на Мис на убавина. Но, за што се работи?
Тие се грбави со бела кожа, песочна или црна; ги освојуваат титулите за најбрзи, најприродни, најмирни.
Станува збор за камили, кои на богатите од истокот им значат многу повеќе отколку златото.
На натпреварот за убавина, организиран од клубот Катар Камел Мазајен, убавиците се борат за многу титули, но под одредени услови. Покрај конкуренцијата на четириножни дами на одредена возраст и раса, натпреварувачите се натпреваруваат и за победа на трки, за давање млеко.
Амал Џабер Ал Ахба, претседателка на клубот Мазајен, вели дека изборот за убавина е исклучително популарен и важен, иако се одржува во сенка на Светското првенство. Меѓу другото, Ал Ахба објаснува какви квалитети треба да покажат камилите од одредена раса. Така, на пример, се оценува големината и положбата на ушите, некои видови мора да имаат многу хармонично тело а устата да им биде искривена. Освен специфичната положба и изгледот на ушите, копитата на камилите се исклучително важни. Секој детал е важен и не смее да биде измама.
Така минатата година, на изборот за Мис Камел што се одржа во Саудиска Арабија, дури 40 натпреварувачки беа дисквалификувани од натпреварот, бидејќи пристигнаа на изборот за најубава разубавена со гел-ипланти, стероиди и филери!
Убавите камили биле наградени со интересни украси, а нивните сопственици добиле чекови со значителни суми на пари.
Можеби ќе ве интересира: Камилите за борба се одгледуваат на снежни ридови