Властите во Амстердам планираат да го забранат пушењето марихуана во центарот на градот, што е една од низата мерки за заштита на областа за локалните жители. Се очекува новите правила главно да влијаат на ноќниот живот.
Градските власти планираат кампања за да ги обесхрабрат меѓународните туристи да доаѓаат во Амстердам за да се „ослободат“.
Планираната забрана за "пушење трева" во делови од центарот на градот не е наменета за продажба во кафулиња, туку за потрошувачка на отворено на одредени плоштади и улици. На прекршителите ќе им бидат изречени високи казни.
Властите на Амстердам сакаат да го заштитат центарот на градот од „прекумерниот туризам“, односно повеќе посетители отколку што може да поднесе областа.
Се очекува во 2023 година да дојдат 18 милиони посетители, а градските власти наведуваат дека границата е 20 милиони. Амстердам има 900.000 жители, а се очекува градскиот совет да воведе построги правила пред Божиќ.
ПРОЧИТАЈТЕ: Тајни за Амстердам кои сигурно не сте ги знаеле