Да лежиш два месеци и да не работиш, за тоа што си платен. Ова се нуди во Германија. Истражувачки центар во Келн бара 12 мажи и исто толку жени за 60-дневна студија.
Од тие 60 дена, според магазинот „Феникс“, 30 дена мора да ги поминат лежејќи во кревет, за што ќе добијат 11.000 евра.
Оние кои ќе го прифатат предизвикот ќе мора да лежат непрекинато 30 дена, со главата во положба малку пониска од нозете, т.е. со 6 степени. Останатите 30 дена се – две недели аклиматизација и две недели дополнителна нега.
Целта на студијата е да се анализираат дегенеративните промени кај астронаутите. Строгиот режим на лежење треба да го симулира влијанието на бестежинскиот простор во вселената.
За да учествуваат во оваа студија, учесниците мора да исполнуваат одредени услови: тие мора да бидат на возраст помеѓу 24 и 55 години, да имаат индекс на телесна маса помеѓу 19 и 30 и да бидат високи помеѓу 1,53 и 1,92 метри.
Покрај тоа, тие мора да бидат психички и физички здрави и работоспособни.
извор: biznisvesti.mk