Германскиот канцелар Шолц изјави дека Германија треба да привлече повеќе странски работници и да им ја олесни работата на жените и постарите за да се избегне недостиг на работна сила во наредните години и да се спречи криза во системот на пензиско осигурување.
Германската влада минатиот месец усвои планови за реформирање на законот за имиграција, бидејќи Берлин се обидува да го отвори германскиот пазар на труд за многу потребните работници од земји надвор од Европската унија.
Шолц рече дека тоа би значело дека германската влада најверојатно нема да мора значително да ги зголемува пензиските придонеси до крајот на нејзиниот мандат во 2025 година.
Во Германија моментално е вработена 72,1 отсто од женската популација, наспроти 85,3 отсто во Шведска.
Шолц рече дека е важно да се овозможи повеќе луѓе да работат до официјалната возраст за пензионирање и додаде дека „денес за многумина е тешко да се постигне“.
Германскиот завод за статистика минатата недела објави дека поради миграцијата од Украина, оваа година бројот на жители во Германија веројатно ќе се зголеми за еден милион, на вкупно 84 милиони, а дека во случај на висока стапка на миграција до 2070 година, бројот на жители би можел да достигне 90 милиони.
Можеби ќе ве интересира: Германија планира да го олесни процесот за добивање државјанство