Кога бараат подобри услови за живот и работа, многумина сè уште одат во „ветената земја“... А како е сега?
На глобално ниво, луѓето се согласуваат дека најдобар американски град за живеење и работа во странство е Мајами, Флорида. За многумина, можеби е и најдобриот град во светот.
Официјално, сепак, оваа врвна дестинација во Јужна Флорида е рангирана на 12 - то место на листата од 50 најдобри глобални градови за иселеници, според истражувањето на InterNations спроведено на повеќе од 12.000 испитаници.
Не далеку зад Мајами е Њујорк, кој е на 16 - то место. Патем, тоа се единствените градови во САД кои се земени предвид за ова рангирање, и за тоа е потребен примерок од најмалку 50 учесници во истражувањето кои живеат во дадената дестинација.
Истражувањето, спроведено во февруари 2022 година и објавено на крајот на ноември оваа година, побара од иселениците и имигрантите да го оценат своето задоволство во пет главни категории:
- квалитетот на животот
- леснотија на прилагодување
- лични финансии
- работа во странство
- „основи за странци“
Оние кои дошле во овој американски град, со намера да работат таму, велат дека е многу лесно да се прилагодите на нивната локалната култура, а исто така едноставно нашле пристап до интернет. Плаќаат дигитално, без потреба од подигнување готовина, а лесно отвориле и банкарска сметка.
Инаку, просечната плата во Мајами, на годишно ниво, е 53.662 долари, што е околу 50.763 евра. На месечно ниво тоа значи дека заработката е 4.235 евра.
Мајами стана растечко „жариште“ и за американците: одреден дел од технолошките и финансиските компании се преселија таму за време на пандемијата, бидејќи беа привлечени од топлото време и даночните олеснувања. Луѓето, исто така, во периодот на кризата со корона, ги заменија големите градови како Њујорк и Лос Анџелес за Мајами, каде приливот на нови жители го поттикна пазарот на недвижности и го поскапи животот.
Се проценува дека имигрантите уживаат во одлични можности за кариера и креативна деловна заедница, а приближно секој четврти човек е незадоволен од своето работно време. Исто така, има и незадоволни од јавниот превоз во Мајами, кои се жалат и на недостапна, ако не и целосно недостапна здравствена заштита.
Кога станува збор за Њујорк, иселениците велат дека “Големото јаболко” е одлично за нивните кариери, а повеќето велат дека се задоволни од локалниот пазар на труд и можностите за напредување, добриот јавен превоз и прифатливото дигитално живеење. Сепак, најголемата негативна страна на живеењето таму се личните финансии: 58% од испитаниците кои живеат во Њујорк се незадоволни од трошоците за живот, во споредба со 35% кои се чувствуваат исто на глобално ниво.
Генерално, Мајами и Њујорк се издвојуваат како одлични опции за поминување на слободното време, перспективна кариера и култура за добредојде. Огромното мнозинство, дури 85% од иселениците кои живеат во Мајами, се задоволни од својот живот, воопшто.