Губењето на лаптоп додека работите од дома е поголема финансиска закана за британската индустрија отколку хакерски напад.
Во текот на изминатите две години, канцеларијата на Комесарот за информации (ICO) примила повеќе од 3.000 извештаи за изгубени уреди.
Меѓутоа, во истиот период само една компанија, адвокатска канцеларија, беше казнета поради безбедносни пропусти што им овозможија на хакерите да упаднат во системот.
- Одењето во канцеларија можеби повеќе не е секојдневна рутина, патување помеѓу локации каде вработените ги носат своите лаптопи бидејќи практиката е променета. Оставањето лаптоп во автобус, кафуле... е сосема предвидливо - изјави шефот за сајбер безбедност во Cisco.
Во март оваа година, ICO ја казни Tuckers Solicitors со 98.000 фунти (околу 113.000 евра) поради неуспехот да ги „спроведе соодветните технички и организациски мерки“ на своите компјутерски мрежи со цел да спречи хакерски напад.
Тие упаднаа во системите на адвокатска фирма со седиште во Лондон и украдоа илјадници датотеки, а поголемиот дел од нив некои ги објавија на интернет да бидат достапни за јавноста.
Кликнете и дознајте за што се работи - Работа од дома со можност за преселување во Софија, Бугарија! Дали сте спремни да го прифатите предизвикот?