Прочитајте за Мундијалот во Катар: да се гледа или да се бојкотира?
Новиот извештај на Gallup Global Emotions за 2021 покажува дека Турците и Македонците имаат најголем број на граѓани кои лувствуваат гнев секојдневно. Истражувањето се врши според исказ на доживеан гнев непосредно пред самото анкетирање.
На прво место се убедливо Турците. Од нив 48 отсто денеска би доживеале гнев. Македонците се на второ место со 26 отсто, а зад нив се Малтежаните и Полјаците со 24 проценти.
Годишниот извештај за емоции на Галуп ги мери позитивните и негативните искуства на луѓето ширум светот, давајќи им на политичарите увид во емоционалното здравје на нивните општества, што традиционалните економски показатели не го опфаќаат.
Во 2021 година, луѓето ширум светот се чувствувале позагрижени, под стрес и потажни отколку кога било во изминатите 16 години.
Извор: faktor.mk