Прочитајте - 50 евра казна за пешаци кои претрчуваат улица, а ќе одат и на час по сообраќајна култура
Цените на нафтата на меѓународните пазари во претпладневното тргување во четвртокот паднаа, бидејќи натамошното зголемување на каматите на важните централни банки ќе го забави економскиот раст, а што ќе ја намали побарувачката на енергенсот.
Ценат на барелот на лондонскиот пазар во однос на затворањето на тргувањето во средата падна за околу 70 центи, на 82 долари. Со барелот на американскиот пазар се тргуваше по 80 центи пониска цена во однос на средата, од 76,49 долари.
Цените на овие два пазара паднаа поради посилниот американски долар, кој може да ја ослаби побарувачката на нафта, бидејќи ја прави поскапа за оние кои користат други валути.
Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) објави денеска дека во средата барелот од кошницата референтна нафта на нејзините членки во однос на претходниот трговски дена поскапел за 1,63 долари, на 79,97 долари.
Извор: vecer.press