Неодамна е спроведено едно истражување кое покажува кои професии може да наштетат на човечкото здравје. Во истражувањето учествувале околу 1600 Американци, кои проценувале какво влијание има нивната кариера врз здравјето.
Само 16% од испитаниците изјавиле дека нивната професија влијае негативно. Според податоците, најштетни професии се: работник во малопродажба – 26%, градежници – 23%, работници во производство – 21% и медицински работници – 19%.
Најголеми здравствени проблеми предизвикани од работата имале личностите кои се занимавале со хемикалии и загаденост, но и оние се изложени на нечист воздух и чести повреди за време на работа.
Меѓу работниците кои повеќето од работното време го поминувале седејќи, 24 посто изразиле загриженост за здраствените последици кои може да настанат поради тоа. Стручњаците препорачуваат да се земаат подолги одмори и паузи со цел да се намали стресот.