Најбогатиот човек во светот веќе има рекордни 164 милијарди долари, според индексот на милијардери на „Bloomberg“.
Тоа е за 65.6 милијарди долари повеќе од Коосновачот на „Microsoft“, Бил Гејтс и 76.7 милијарди долари повеќе од Ворен Бафет, кои се наоѓаат на втората и третата позиција меѓу најбогатите луѓе во светот.
Во последните 24 часа Безос успеа да додаде 5.15 милијарди долари кон своето богатство, по растот во цената на акциите на неговата компанија „Amazon“ до рекордни нивоа.
Тоа е околу 3.576 милиони долари во минута, или околу 60.000 долари во секунда.
Дневниот пораст беше 3,38% до 1.998,10 долари, а зделките беа направени на 1.998,69 долари.
Пазарната оценка на „Amazon“ на крајот од сесијата изнесува 974,55 милијарди долари, а со овој индикатор компанијата се полека се доближува до водечката позиција на „Apple“.
За да може „Amazon“ да ја помине границата од 1.000 милијарди долари, цената на акциите треба да изнесува 2.050 долари.
ekonomski.mk