Секој ден во Франција има околу 50 милиони празни седишта во автомобилите кои се во движење.
Не е невообичаено луѓето да бидат сами во автомобилите. Одат сами на работа, а повремено може да има и некој друг во возилото. Сето ова води до сообраќаен метеж и зголемување на емисиите на штетни гасови бидејќи на улиците има сè повеќе автомобили. Французите на генијален начин одлучиле да стават крај на тоа, пишува ХАКревија.
Би можело да ве интересира: Секој граѓанин на Германија за својот 18-ти роденден ќе добие државен подарок од 200 евра
Секој ден во Франција има околу 50 милиони празни седишта во автомобилите во движење. А за да возењето автомобил биде поеколошки и поевтино, француската влада ветува бонуси до 200 евра за возачите кои нудат заедничко користење (возење) со автомобил.
Возачите кои десет пати во рок од три месеци ќе се пријават на платформата за заеднички превоз до работа и превоз на патници, ќе добијат по 100 евра. Исто така, доколку имаат три возења на долги релации, ќе добијат 100 евра кои ќе им бидат исплатени во вид на бонус. За реализација на овој план Владата е подготвена да одвои 150 милиони евра за промоција на заеднички патувања.