Метеорологот Славчо Попоски вели дека во новата седмица која што ни претстои ни следува период на стабилно и суво време, со многу повеќе сончеви периоди
Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Би можело да ве интересира: И ова е Копаоник, кафе, вода и ракија на најпопуларната српска планина за 170 динари
„Наутро температурите речиси насекаде ќе се спуштаат под нулата и тоа поради разведрувањето кое се очекува. Минималните температури во следниот период ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 1 степен, додека максималните температури исто така ќе бидат значително пониски за разлика од оние кои ги имавме изминатите денови и ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 11 степени“, вели Попоски.
Додава дека за време на новогодишната ноќ не се очекуваат врнежи од снег, а ќе биде и натпросечно топло.