83-годишниот Карлос Бехар од Аргентина ги стопи срцата на локалната јавност откако на социјалните мрежи се рашири фотографија на која го гледал полуфиналето на Светското првенство и тоа верувале или не, на телевизор во излог.
Случаен минувач го фотографирал господинот како седи сам на столот на преклоп кој го поставил на тротоарот, веднаш пред продавница за електроника и внимателно го следи текот на натпреварот кој заврши со победа на Аргентина.
Фотографијата набрзо стана вирална, а една девојка која ја објави прва ја означи продавницата со реченицата: „Треба да му купиме телевизор“.
И така таа започна вистинска кампања.
Нејзината објава ја споделиле повеќе од 5.000 корисници на Твитер, а потоа продавницата се вклучила во акцијата и одлучила на господинот да му подари телевизор, пренесуваат тамошните медиуми.