Државата една деценија го финансира нивното стипендирање во странство, а инвеститорите од автомобилската индустрија и другите напредни технологии сакаат да стапат во контакт со нив за да им понудат високи работни позиции
На денешната прес-конференција на Асоцијацијата на странски инвеститори со технолошки напредно производство беше кажано дека овие компании од државата ја побарале листата на македонските стипендисти кои студираат на најдобрите технички универзитети од Шангајската листа, но дека се уште не ја добиле.
Државата една деценија го финансира нивното стипендирање во странство, а инвеститорите од автомобилската индустрија и другите напредни технологии сакаат да стапат во контакт со нив за да им понудат високи работни позиции. Листата била побарана на почетокот на октомври.
Би можело да ве интересира: Се намалува бројот на работоспособното и активното население во земјава - Која е причината?
- Ние ја побаравме листата на 100-те најдобри стипендисти во странство, бидејќи сакаме да им понудиме соодветна работа за да останат во земјата, но уште не ни е доставена, рече Виктор Мизо, претседателот на асоцијацијата и генерален директор на Костал.
Околу 300 студенти во изминатава деценија заминале на студии во странство со државна стипендија, откако успеале да добијат место на најдобрите светски универзитети според Шангајската листа. Сепак, прашање е дали некој води сметка каде се сега тие, колкумина од нив останале во државата и колку од знаењето кое го стекнале на светски познатите универзитети, реално го искористиле за помош на државата која го платила нивното школување.
Со цел да им се помогне на младите кои сакаат да се школуваат во странство во реномирани високообразовни институции, но и за добробит на државата, пред повеќе од една деценија беа воведени стипендиите за студирање на најдобрите светски универзитети, најдобрите 100 од Шангајската листа, или најдобрите 200 доколку се работи за студии на техничките универзитети.
На презентираната анкета на Асоцијацијата на странски инвеститори со технолошки напредно производство беше кажано дека дури 53 отсто од анкетираните во истражувањето рекле дека допрва ќе има поголема инфлација во Македонија, а 55 проценти имаат потреба од дополнителни услуги од државата како детски градинки, противпожарна заштита и брза помош..
Целиот текст е на faktor.mk