Прочитајте ги Тајните за Амстердам кои сигурно не сте ги знаеле
Навистина е тешко да се избере која земја е најубава во светот. Ваква задача добија читателите на британскиот водич Rough Guides, кои гласаа за најубава земја.
Големиот Кањон, Големиот корален гребен, Монт Еверест се само дел од природните убавини кои ја прават Земјата толку убава.
Преубавите песочни плажи, но и дивите животни, како оние во Националниот парк Кругер во Јужна Африка се „бореа“ за петтото место на ранг листата.
На четвртото место се најде Италија, многумина се фасцинирани од италијанската кујна. Преубавата природа на Нов Зеланд го одзема здивот на секој посетител, па затоа заслужено се најде на третото место на оваа листа.
Канада и преубавата природа во комбинација со космополитските градови се најдоа на второто место.
Апсолутен победник е Шкотска во која доминираат старите замоци, плажите и митот за чудовиштето од Лох Нес. Можеби меѓу комбинациите на сето ова е и рецептот за едно од најдобрите виски пијалаци во светот.
Македонија се најде на 86 место по убавина.