Доколку оваа зима се греете на дрва и сакате да заштедите пари, еве неколку корисни трикови.
Покрај парното, кое најмногу го има во становите и центарот на градот, многумина се греат на дрва.
Меѓутоа, ако не сакате непотребно да трошите трупци и сакате да заштедите повеќе, ова се неколку корисни совети.
Како прво, не преполнувајте го шпоретот со дрва. Наместо тоа, многу покорисно е да се вметнат помали количества дрво, кое постепено ќе изгори. И идеалната големина на трупците не треба да биде повеќе од 10-15 сантиметри во обем.
Исто така, бидејќи целиот шпорет сам по себе е извор на топлина, обидете се да не ставате премногу мебел во близина на него што би го спречил рамномерниот проток на топлина.
И за крај, пред да ги ставите дрвата во шпоретот, не заборавајте дека треба да биде суво, бидејќи ако е влажно, гори посилно и побавно и може да го изгасне вашиот постоечки жар…