![Бидете внимателни, следат големи температурни разлики!](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/50/42015005-resize-820x0x100.jpg)
Времето наутро ќе биде студено, по одделни котлини со појава на магла или ниска облачност. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од – 6 до 0, а максималната ќе достигне од 7 до 12 степени.
Во Скопје наутро студено, преку денот сончево и магливо со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до – 5, а максималната ќе достигне 7 степени.
Во следните денови продолжува периодот на стабилно и претежно потопло време. Дневните температури ќе бидат во благ пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност, па таму ќе се задржи постудено.