Од здружението “Ивент Индустри” рекоа дека најголем интерес за дочекот на Новата година има кај гостите од странство, односно од регионот. За оние кои сé уште не одлучиле каде ќе ја дочекаат Новата година, Бошко вели дека нема потреба да се грижат, бидејќи цената на билетот што е веќе утврдена нема да се зголеми.
Повеќето угостителски објекти нудат одредена количина на храна и пијалоци со влезот. Има клубови кои наплаќаат влез од 15 евра, а сé останато дополнително се плаќа.
Музиката во клубовите е претежно RnB или хаус, гостите ги забавуваат диџеи, а каде што влезот вклучува пијачка, дочекот е нешто поскап. Некои клубови имаат две различни цени - наплаќаат 60 евра за девојки и 70 евра за мажи. Во кафаните најчесто дочекот е придружен со тамбураши, во неколку кафани во Скадарлија е од 90 до 140 евра, во зависност од кафаната, местото и дали во цената е вклучен и пијалок покрај задолжителната вечера.
„Има по нешто за секого, а има и различен опсег на цени, има билети од 10, 20 евра каде се плаќа само влез, каде ќе настапува диџеј со ограничен број на гости, и таму се плаќаат пијачките. по конзумација, а храната главно не. Имаме поевтини места во ресторани и кафулиња, кои вклучуваат бар маси и помалку атрактивна понуда на храна.Тие билети чинт околу 40 евра, а поголемите маси чинат од 70 до 120 евра. Како полуксузни опции ги гледаме хотелите чиј влез е околу 200 евра по лице, а имаме и неколку хотелски локации каде цената е од 300 до 350 евра по лице. Гостите кои се подготвени да платат повисока цена на билетот генерално нема да пијат домашна ракија, туку ќе земат некое премиум виски или премиум вотка. Значи дека ќе одвојат уште 100 - 150 евра по човек”, изјавија од здружението.
Белград моментално е најскапиот град за дочек на Нова Година. Во другите градови цените се за околу 30 отсто пониски. Се разбира, популарни се и планините, Копаоник и Златибор, но тие и годинава немаат голема понуда на музички програми тоа е важна ставка од новогодишната програма. Без добра музика, нема загарантиана забава!