Познатиот ски-центар Оберстдорф е мета на остри критики поради елка вредна речиси 25.000 евра.
Корисниците на Твитер покажаа малку разбирање за таквиот потег. „Декаденција во (баварскиот регион) Алгау“, напиша еден корисник на твитер. Друг пак праша „колку покорисно можеше да се направи со речиси 25.000 евра“.
Според весникот „Алгојер цајтунг“, општината и наредила на една фирма да испорача новогодишна елка за 24.850 евра. Дрвото потоа се транспортирало низ речиси половина Германија.
Во претходните години, општинските комунални претпријатија на Оберстдорф сами ја избраа елката во областа и ја поставија на градскиот плоштад.
Но, според тврдењата на општинската администрација, тоа веќе не е можно од безбедносни причини, пишува весникот.