Ако пред пет години од Кочани до Скопје се патуваше еден час и 40 сега се стигнува за помалку од еден час.
Експресниот пат од Штип до Кочани конечно е целосно завршен и од денеска е пуштен во употреба.
Станува збор за отворање на делница од Крупиште до Кочани во должина од 13,7 километри, откако во 2020 беше пуштен делот од Штип до Кочани долг 14,3 километри. Со завршувањето на втората делница, вкупната вредност на оваа инвестиција е 46,5 милиони евра.
На официјалното пуштање во употреба на втората делница присуствуваа премиерот, министерот за транспорт и врски и директорот на ЈП за државни патишта.