Се приближуваме кон почетокот на новата година и ако на ова време гледате како на прилика за нов почеток, зошто не би го прошириле тоа на своите технолошки навики?
Би можело да ве интересира: Вака би можело да изгледа електричното Yugo
Веројатно се чувствувате како да поминувате премногу време на апликациите на социјалните мрежи, а ако сакате да го намалите користењето на истите, може да биде предизвик да изберете која апликација ќе ја задржите, а која ќе ја избришете.
Носењето на тој избор на темел на безбедноста на податоците и приватноста е еден од начините да бидете сигурни дека сте избрале мудро.
Технолошките експерти се согласни: Фејсбук е единствената апликација на социјалните мрежи која сите треба да престанат да ја користат во 2023 година. Многу експерти се согласуваат дека Фејсбук е една од најлошите апликации кои можете да ги преземете и континуирано да ги користите кога се во прашање приватноста и безбедноста, пишува „Yahoo“.
Бројни скандали околу кршењето на приватноста
Технолошкиот експерт Гарет Јамасаки, основач на „WeLoveDoodles“, нè потсетува на скандалите на Фејсбук околу кршење на приватноста, најмногу поради тоа што имаше неколку во само 18 години од постоењето на социјалната мрежа, каде беа продавани податоците на милиони корисници на трета страна без нивна согласност.
„Иако Фејсбук останува една од најпопуларните социјални мрежи во светот, безбедносните дупки редовно се наоѓаат на оваа платформа, дури и денес. Дури и ако сте доволно внимателни да не споделувате какви било финансиски или други чувствителни информации за можната повреда на податоците да не „влијае на вас“, фактот дека погрешна личност добива пристап до вашите приватни разговори и објави може да заврши со штетни последици“, вели тој.
„Фејсбук е најпопуларната платформа за социјални медиуми, а постои повеќе од една деценија. Исто така е една од најкористените апликации на паметните телефони и таблети. Сè повеќе луѓе користат платформи за социјални медиуми како Фејсбук, а компанијата станува сè помоќна и потенцијално штетна за приватноста на корисниците“, вели Курт Ухлир, маркетинг директор и глобално признаен трговец.
„Причината е следна: Фејсбук собира многу податоци за тоа како ја користите неговата апликација, од тоа кои страници најчесто ги посетувате до кои објави привлекуваат најмногу внимание на вашите пријатели. Овие податоци можат да се користат за сервирање целни реклами од трета страна, што значи дека дури и ако не сакате да ги гледате овие реклами, тие сепак ќе се појавуваат на вашиот 'feed'“, додава тој.