Кривата кула во Пиза е меѓу најпопуларните туристички атракции во светот, а многу инженери и историчари беа загрижени за нејзиното навалување.
Сепак, неодамнешните истражувања покажале дека кулата успеала да се исправи за четири сантиметри.
Кулата беше исправена благодарение на проектот за стабилизација, кој започнал во 2001 година. Споменатото истражување е финансирано од организацијата за зачувување на спомениците Opera Primaziale della Pisana (OPA). Иако навалувањето е намалено, кулата сè уште се движи за приближно 0,55 милиметри годишно, изјави професорот по геотехника Нунзианте Скеглиа од Универзитетот во Пиза.
Оваа кула, симбол на моќта на поморската република Пиза во средниот век, успеала да „преживее“ најмалку четири силни земјотреси кои го погодија регионот од 1280 година. Резултатите од истражувањето од 2018 година покажале дека мекоста на почвата ја заштитила од големите земјотреси. Нејзината изградба започнала во 1173 година и била завршена дури во 1319 година поради битките што се воделе помеѓу Пиза и Џенова и Лука и Фиренца.
извор: kanal5.com.mk