Објавен е нов извештај на World Happiness Report, статистичка анализа за одредување на најсреќните земји во светот.
Според резултатите, четврта година по ред Финска е најсреќната земја во светот. Особено се истакнува способноста политиката да ја ускладат со општото чувство на благосостојба.
За да ја одредат најсреќната земја во светот, експертите анализирале податоци од истражувања од 149 земји. Во обѕир биле земени бруто домашниот производ по глава на жител, социјалната политика и здравиот животен век, но и слободата на носење сопствени животни избори, великодушноста на популацијата и нивото на корупција.
Интересно е што првите седум најсреќни земји во светот се во Северна Европа. На првото место е Финска, а по неа следат Данска, Швајцарија, Исланд, Холандија, Норвешка, Шведска.
Најмалку среќна земја во светот е Авганистан, која се наоѓа на 146 место, а меѓу петте последни земји на листата се и Зимбабве, Руанда, Боцвана и Лесото.
Најдобро рангирана земја во регионот е Словенија на 29 место. Србија е на 48 место, Хрватска на 59 место, Босна и Херцеговина на 63 место, Црна Гора на 71 место и Македонија на 92 место.
извор: kajgana.com