Како што знаеме, Аргентина е новиот светски првак во фудбал, по возбудливото финале на Светското првенство кое го одиграа против Франција.
Би можело да ве интересира: За да не биде тажен што Меси освои СП, Георгина на Роналдо му купи „подароче“ (ФОТО)
Во текот на траењето на Мундијалот очите на јавноста беа насочени кон најмоќниот човек на Катар – катарскиот емир Тамим бин Хамад ал Тани (42).
Животот на најмоќниот човек на оваа држава со години ја интригира јавноста.
Ал Тани е четвртиот син на поранешниот катарски емир и неговата втора сопруга. Иако не бил прв во редот да го преземе престолот, благодарение на своите способности, успеал да се избори за тоа место.
И пред да ја преземе функцијата на својот татко, емирот се занимавал со политика, но не бил на високи функции, а се школувал во Велика Британија, па дипломирал на британската воена академија како еден од најдобрите студенти. Кога ја завршил академијата се вратил во татковината и служел војска.
Во 2005 година стапил во првиот брак со сопругата со која единствено се појавува во јавноста. Како што наведуваат тамошните медиуми, тие двајца се братучеди, а од бракот со неа тој има четири деца – две ќерки и двајца синови.
Во 2009 година стапил во вториот брак со ќерката на поранешниот амбасадор во Јордан. Таа му родила три ќерки и двајца синови. Третата сопруга му родила уште тројца синови и ќерка.
Особено е интересна прекрасната и образувана мајка на емирот, Моза бин Насер која е една од најмоќните жени во нивната земја.
Моза студирала на факултет во Катар и дипломирала социологија девет години во венчавката. Моза иницирала изградба на многу образовни институции поради што добила седум почесни докторати. Таа често е присутна во јавноста затоа што сопругот го следи на официјалните патувања и таа е единствената сопруга на која тоа ѝ е дозволено.
Во текот на јавните појавувања таа привлекува многу внимание со својот беспрекорен стил и став. Своевремено за стилот на Моза пишувал и угледниот „Vogue“ којшто ја сместил меѓу петте најдобро облечени жени на светот.
Магазинот „Vanity Fair“ пишуваше дека е најдобро облечена дама со сина крв, а познатиот дизајнер на луксузниот бренд „Givenchy“ ја нарече втората Џеки Кенеди.
Извор: supermen.tocka.com.mk