Њујорк веќе со години се наоѓа на врвот на листата на најбогати градови на светот.
Би можело да ве интересира: Изгласани се петте најубави земји во светот, на кое место е Македонија?!
Не само што во него живеат неверојатен број од 345.600 милионери и 59 милијардери, туку тој е и седиште на трговијата и престолнина на САД во финансиски вложувања – Wall Street.
„Purchasing power parity“ (PPP) или паритет на куповна моќ е начин на мерење на цените во различни земји на темел на еднаква количина долари и услуги кои можат да се купат.
Макроекономските аналитичари и економисти вообичаено ја користат PPP вредноста на градот како популарен начин за одредување на животниот стандард и просперитет на одреден град или држава.
На прво место на листата на најбогати градови за 2022 година се најде Њујорк со PPP од 2422 милијарди американски долари. Следи Токио со 2205 милијарди американски долари, додека пак третото место доделено му е на Лос Анџелес со 1510 милијарди долари вредност PPP.
Во првите десет најбогати градови дури три се од САД, вклучувајќи го и Сан Франциско на четвртото место од листата, додека пак најголем број од кандидатите доаѓаат од Азија (Токио, Сеул, Шангај и Пекинг).
10 најбогати градови во светот според PPP за 2022 година:
1. Њујорк, САД (РРР: 2422 милијарди долари)
2. Токио, Јапонија (РРР: 2205 милијарди долари)
3. Лос Анџелес, САД (РРР: 1510 милијарди долари)
4. Сан Франциско, САД (РРР: 1383 милијарди долари)
5. Сеул, Јужна Кореја (РРР: 1125 милијарди долари)
6. Париз, Франција (РРР: 1075 милијарди долари)
7. Лондон, Обединето Кралство (РРР: 1064 милијарди долари)
8. Шангај, Кина (РРР: 1018 милијарди долари)
9. Москва, Русија (РРР: 1004 милијарди долари)
10. Пекинг, Кина (РРР: 950 милијарди долари)