За разлика од многу германски компании, Мерцедес не мора да се жали дека не може да ги пополни отворените позиции. Оваа година, гигантот од Штутгарт примил околу 160.000 апликации од кандидати за работа.
Имаше неколку пати повеќе апликанти отколку слободни работни места, изјави за ДПА Сабине Колајсен, шеф на одделот за човечки ресурси на Мерцедес. Смета дека тоа е така бидејќи компанијата нуди можности на младите, но и флексибилност во работата.
Имавме среќа бидејќи успеавме да ги пополниме сите места за пракса, како и оние за дуални студии, рече таа. Генерацијата што сега влегува на пазарот на трудот добро ја знае нејзината вредност, „ако не поради друга причина бидејќи знаат дека ги нема доволно“.
Би можело да ве интересира: Колку клима уредот ја зголемува потрошувачката на гориво?
Одржливоста – во однос на животната средина, социјалните прашања и корпоративното управување – игра „исклучително важна улога“, рече менаџерот, истакнувајќи дека новата генерација исто така бара многу.
„Тие се прашуваат: Што сакам да правам? Што сакам да доживеам во компанијата“, рече таа, оценувајќи дека за нив е пресудно да можат да иницираат и обликуваат нешто.
Пандемијата го промени деловниот свет на многу начини, а еден од несаканите ефекти е големата популарност на работењето од дома. Колаизенова вели дека Мерцедес ги децентрализирал процесите и им дал одврзани раце на менаџерите да ги креираат правилата. Ако работата дозволува, можете да работите исклучиво од дома.
„Им кажавме на менаџерите да создадат правила кои одговараат на нивните тимови“, рече таа. Со други зборови, централата на Мерцедес нема намера во одреден момент да објави дека „сите се враќаат во канцеларија“ или дека „сите работат од дома“.