Кривата кула во Пиза се исправи за четири сантиметри, рече професорот по геотехника Нунсијат Сгеља, и објасни дека секоја година објектот имал отстапување од 0,55 милиметри. Кулата се смета за една од најпопуларните атракции во светот и иако многу се загрижени за неа, на крај е најдено решение.
Како што покажале неодамнешните истражувања, кулата се исправила за четири сантиметри, а проектот за стабилизација се спроведува уште од 2001 година. Истражувањето го финансирала организацијата за зачувување на спомениците, Opera Primaziale della Pisana (OPA).
Би можело да ве интересира: Италија повторно воведува задолжително тестирање за овие патници
„Познато е дека Кривата кула во Пиза низ годините има отстапување од 0,55 милиметри. Сепак, најважна е стабилноста, а таа е подобра од она што очекувавме“, рече Сгеља од Универзитетот во Пиза.
Кривата кула е сомбол на моќта на републиката Пиза во средниот век. Изградена е во периодот од 1173 до 1319 година. Изградбата траела долго заради битките кои се воделе меѓу Пиза и Џенова. Поради мекото тло, преживеала неколку силни земјотреси кои го погодиле ова подрачје. Најсилниот бил во 1280 година.