Начинот на кој правилно се поставува тоалетната хартија на држачот често е тема на дискусија, а сега се појави водич стар 128 години кој го покажува правилниот начин на поставување на хартијата.
Сигурно сте слушнале дека некоја хартија е ставена така што се кине одозгора, а некоја одоздола, што предизвикува бројни дискусии и сомнежи.
Списанието Choice откри водич стар 128 години, кој покажува детален графикон за тоа како правилно се поставува тоалетна хартија.
Како што пишува Daily Mail, во Choice истакнале: „Не се плашиме да ја бараме вистината за најкомплексните грижи на нашите читатели... затоа решивме да го најдеме конечниот одговор на контроверзното прашање дали тоалетната хартија на држачот да ја ставиме нагоре или надолу. По цена на губење на лојалните читатели, ве известуваме дека 'нагоре' е единствениот правилен начин“.
Со тоа се согласува и огромното мнозинство. „Има два вида луѓе - оние кои ја ставаат хартијата нагоре, а потоа има чудовишта“, коментираше некој. „Секогаш внимавам каде и да одам да ја превртам ролната ако е наопаку“, „Ако на хартијата има отпечаток, тогаш е дизајнирана да се гледа принтот“, се некои од коментарите.
Некои, пак, наоѓаат оправдувања за вртењето на хартијата на спротивната страна. „Така имаш подобра контрола врз бројот на листовите што можеш да ги скинеш со една рака“, „Така не може да се одвитка хартијата“, тврдат членови на спротивниот клан.
извор: kajgana.com