MrBeast го надмина PewDiePie како креатор на поединечни содржини на Јутјуб со најмногу претплатници на светот, пренесува „Dexerto“.
Би можело да ве интересира: Популарната апликација Viber воведува значителна промена
Џими Доналдсон попознат како MrBeast, службено стана најплатениот Јутјуб инфлуенсер со 111 милиони претплатници, а бројот и натаму расте.
„Dexerto“ на Твитер објави исечок којшто го покажува моментот кога тоа се случило при што MrBeast добил многу следбеници за само еден ден, додека пак PewDiePie добил помалце.
Откако во јули ја постигнал својата долгогодишна цел од 100 милиони следбеници, MrBeast продолжил да го зголемува бројот на обожаватели.
Месечно заработува по 5 милиони долари
Според „Forbes“, 24-годишното момче во 2021 година заработило 54 милиони долари, а неговата нето вредност моментално изнесува 25 милиони долари.
Јутјуберот наводно заработува по околу 5 милиони долари месечно, што го прави најплатениот креатор на содржини на Јутјуб.
MrBeast го започнал својот канал пред повеќе од десет години, но неговата платформа започнала да се шири дури во 2017 година поради неговите импресивни парични награди.
Подарил милион долари
Во видеото од 2018 година со име „Како дадов 1.000.000 долари“, MrBeast им објаснил на своите следбеници дека акумулирал толку големо богатство по пат на платформата, додавајќи дека компаниите му помогнале да донира пари.
Договори со брендови
Кога MrBeast започнал да собира значаен број на претплатници на Јутјуб како награда добил договори со брендовите. Неговиот прв договор со марка за облека бил вреден 5.000 долари, но наместо парите да си ги стави парите во џеб, смислил прекрасен начин да привлече внимание.
MrBeast парите од договорот ги дал на непознати и го снимил тоа што го прави. Секако, тие видеозаписи генерирале милионски прегледи, а токму таквата идеја станала клуч за неговиот успех.
Извор: supermen.tocka.com.mk