Од први јануари граѓаните на Куманово ќе можат да го користат субвенционираниот автобуски линиски превоз согласно одлуката која ја донесе Советот на општината.
– Ги известуваме граѓаните на Општина Куманово, дека согласно Одлуката за субвенционирање на општински линиски превоз на патници на подрачјето на Општина Куманово, бр.09-10277/20 донесена на седница на Совет на Општина Куманово на 27 декември 2022 година, сите граѓани ќе можат бесплатно да користат општински линиски превоз од 01.01.2023 година заклучно со 30.06.2023 година, на сите линии согласно утврдените возни редови, стои во соопштението.
Целосниот возен ред на кој ќе сообраќаат автобусите е достапен ТУКА.