Во повеќето случаи, личноста не сака да биде дел од организацијата на празничната прослава, па затоа попрво ќе седи со скрстени раце и ќе ја набљудува целата ситуација. Иако на прв поглед таквите луѓе на другите им делуваат намќоресто или како луѓе кои не знаат да се опуштат и да уживаат, стручњаците за британски Сан откриваат што навистина би можело да се крие зад таа негативна фасада. Писателката и психолог Сузи Перл вели дека таквото однесување не треба да го сфаќаме лично и да не ја осудуваме личноста бидејќи не знаеме со какви ситуации и тешкотии се соочува.
Иако ова е период кога луѓето се поврзуваат меѓусебно, изразуваат посебна љубезност, сочувство и помош кон другите, според неа, „скржавците“ или „цициите“, не треба да ги осудуваме ако не учествуваат во давањето подароци.
- Можеби се плашат дека немаат доволно пари за празнични подароци или прослави. Без оглед на нивната причина, отфрлете ја осудата и оставете ги луѓето сами да изберат начин на давање или недавање, вели таа.
Перл истакнува дека сите сме различни и дека на некои луѓе им е полесно да подаруваат додека на други не. Сепак, таа напоменува дека највредните работи за Божиќ се бесценети и не можат да се купат, како на пример, времето, вниманието, насмевките, убавите зборови, како и благодарноста.
- Овие работи значат многу повеќе од каков било подарок кој можете да го завиткате и ставите под елката. Колку повеќе од овие работи можете да им дадете на другите, толку подобро ќе се чувствувате – додава Перл.
Стручњаците од добротворната организација „Мајнд“ напоменуваат дека е во ред да не се чувствувате радосно во текот на празничната сезона, но треба да бидете нежни кон себеси, да поставите сопствени граници и да одвоите време за себе кога ви е потребно. Во ред е да не ве преплавуваат празнични емоции, но не треба да сте строги кон себеси, туку со малку труд да се обидете да допрете до саканите.звор
извор: kanal5.com.mk