Овие шест совети можат да го однесат вашето CV на врвот
Би можело да ве интересира: Како да „растурите“ на вашето следно интервју за работа?
„На регрутерите им требаат околу седум секунди за да го погледнат вашето CV“, вели Џејмс Рид, претседател за регрутирање во The Reed Group.
Како да станете потенцијален кандидат во тие седум секунди и да ги избегнете честите грешки кои им привлекуваат внимание на експертите за човечки ресурси? Одговорите можете да ги најдете во интервју кое Блумберг го направи со еден од нив.
Кој е идеалниот број на страници за CV?
Советниците сметаат дека идеалното CV е две и пол страници. Треба да се трудите да бидете концизни, а најчеста грешка што можете да ја направите е да го напишете целото свое животно искуство.
- Помалку е повеќе бидејќи сега го имаме LinkedIn - вели Шели Кејн, која прегледува повеќе од 100 документи секоја недела, додавајќи дека е обесхрабрувачки кога треба да се прелистувате низ сите информации.
Кој е најдобриот фонт за вашиот документ?
Фонтот е исто така многу важен аспект кога станува збор за пишување на вашиот деловен документ. Треба да се обидете да користите некој што е лесен за читање.
Советниците советуваат да се користат Arial или Calibri бидејќи тие се многу „едноставни“.
Едноставно не сакате да ја „иритирате“ личноста која ви е прва допирна точка за вработување во секторот за кој ве интересира.
Кој е најдобриот формат за CV?
Вашето искуство треба да го поделите на неколку сегменти. Еден дел треба да го посветите на образованието, а другиот на претходното работно искуство.
Рид советува дека најдобра опција е формат „класично CV“ каде прво ќе го наведете деловното искуство, а потоа образованието.
Ова правило е исклучок за оние кои неодамна дипломирале, имаат големи празнини во вработувањето или менуваат професија.
- Вашата најнова, сегашна или претходна улога е она што треба да биде на врвот и треба да ги наведете вашите достигнувања - вели Крејн.
Таа советува и да споменете каков придонес сте дале на тие работни места.
Дали хобито треба да си го ставите во CV?
Прашањето за оставање хоби во документот за работа е донекаде контроверзно меѓу експертите. Сепак, постои консензус дека сè што ставате на вашето CV треба да биде релевантно.
Еден од експертите, кој сака да ги гледа интересите на потенцијалните нови вработени, смета дека пишувањето на хобиите можат да бидат „многу важни и релевантни - ако се користат правилно“.
Ако не сте сигурни, размислете дали хобито е добро погодно за работата пред да го напишете.
Како треба да изгледа вашиот мејл за пријава?
При праќање мејл често се случува кандидатите да заборават да приложат документ. Проверете двапати пред да испратите дали сте прикачиле „CV“ на вашата е-пошта.
На почетокот на е-поштата треба да наведете дека сакате да аплицирате за одредена работна позиција.
Започнете со означување дека вашиот мејл е апликација за работа, а потоа наведете на која позиција аплицирате.
Ако сакате да се издвоите кај регрутерите, погрижете се да го вклучите полето во кое работите или она што го барате во нова работа.
Дали е потребно мотивационо писмо?
Мотивационото писмо можете да го икористите за да покажете повеќе карактер и да додадете други релевантни информации. Во спротивно, можете и да го прескокнете.