Германскиот суд осуди пратеник на парична казна од вкупно 9.000 евра.
Казната му е изречена затоа што во една продавница на барањето на вработен да стави маска одговорил со покажување на среден прст.
Мартин Ренер (68) всушност бил осуден на 30 дена затвор, но судот ја претворил во парична казна по курс од 300 евра дневно, потврди портпаролот на судот.
Во обвинението стои дека Ренер навредливо им покажал „среден прст“ на продавачката и сопственикот на продавницата во малиот град Хан. Според наводите, тие претходно побарале од него да носи соодветна маска, наместо обична платнена, според правилата на пандемијата.
Пресудата не е правосилна и осудениот има рок од две недели да поднесе жалба.