КИНДЕР ТОРТА за родените во знак на Овен
(21 март – 19 април)
Овенот е првиот од хороскопските знаци, а луѓето родени во овој знак често се карактеризираат со брзо размислување и натпреварувачки карактер. Припадниците на овој хороскопски знак се неспорно амбициозни и смели. Подготвени се да се изборат со било кој предизвик што им ги носи животот! Совршена торта за да го прославиме роденденот на еден Овен е вкусна Киндер торта. Сигурни сме дека оваа белгиска торта, изработена со богата кремаста чоколадна структура (50% чоколадо) со крем од лешник и маскарпоне ќе биде победничка за секој Овен!
ТРИО ОВОШНА ТОРТА за родените во знак на Бик
(20 април – 20 мај)
Биковите се познати по нивната љубов кон спокојот и тишината на урбаните предградија. Припаѓајќи во групата на земјени знаци, Биковите се духовни суштества, љубители на меки звуци и сочни, освежителни вкусови. Затоа за Биковите најмногу одговара Трио Овошна Торта како прв избор и препорака! Со својата освежителна комбинација на бела (белгиска) чоколада и маскарпоне комбинирана со шумски овошја, сигурни сме дека ќе биде совршено надополнување на роденденската прослава на Бикот.
ЕГЗОТИК ТОРТА за родените во знак на Близнаци
(21 мај – 20 јуни)
Близнаците се познати по нивните две страни во карактерот кои знаат повремено да се менуваат. Од љубопитни обожаватели на забава со фасцинантен поглед на светот околу нив, до внимателни и слободоумни личности. Извонредната љубопитност и интересните особини на Близнаците ја прават тортата Егзотик вистински избор за нив. Егзотик е овошна торта со богат вкус, со кори од белки и ореви, ванила крема со ананас и ванила крем со вишни, прелиена со глазура од бело чоколадо и декорирана со парченца кикирики. Сите овие различни состојки во хармонија создаваат вкусна и освежителна торта што одговара на карактерот на Близнаците!
ОВОШНА ОПЕРА СО МАЛИНА за родените во знак на Рак
(21 јуни – 22 јули)
Раковите се длабоко интуитивни, сочувствителни и лојални личности. Тие се водат низ животот од нивното срце, со високо развиена имагинација и љубов кон уметноста. Препорака за прославување на роденденот на Рак е Овошна опера со малина. Таа е совршена овошна хармонија со капина и малина, кори од белки и ореви, со чоколаден фил како најдобар избор за посебниот Рак во вашиот живот!
АМАРЕНА ТОРТА за родените во знак на Лав
(23 јули – 22 август)
Лавовите често се прикажуваат себеси како страствени и огнени личности, како родени лидери, со доза на креативност и срдечна природа. Лавот во вашиот живот несомнено е силна и самоуверена фигура во окружувањето, затоа заслужува торта која му доликува на неговиот карактер, а тоа е Амарена торта. Таа е комбинација од кори од белки со ореви и ванила, еден фил од бело чоколадо со слатко од вишни и втор од црно чоколадо, прелиена со бордо глазура од бело чоколадо. Изненадете го Лавот во вашиот живот со торта што сигурно ќе ја сака, со Амарена торта!
КРЕМИНО ТОРТА за родените во знак на Девица
(23 август – 22 септември)
Девиците се љубители на детали, со практични и аналитички квалитети. Нивниот методичен пристап и организациски вештини се едни од нивните најсилни атрибути. Затоа, Кремино тортата е совршена торта за припадниците на хороскопскиот знак Девица. Кремино тортата претставува вешта комбинација на состојки, со две прецизно дозирани креми од бадем и лешник, со кори со лешник, прелиена со чоколадна глазура и сецкани лешници. Девиците во вашиот живот почестете ги со торта што ќе ја задоволи нивната љубов кон прецизноста и без сомнение ќе ги предизвика да посакаат уште едно парче!
ЧИЗКЕЈК СО СОЛЕН КАРАМЕЛ за родените во знак на Вага
(23 септември – 22 октомври)
Вагите се познати по тоа што се мирољубиви, фер и мразат да влегуваат во конфликти.За припадниците на овој знак балансот и одмереноста се од големо значење во животот, а токму затоа и симболот на нивниот хороскопски знак е вагата. Поради тоа совршениот баланс на слатки и солени вкусови на Чизкејк со солена карамела е најсоодветниот избор за Вагите. Тоа е печен чизкејк, направен по оригинален рецепт со глазура од солен карамел и сецкани печени лешници како најдобар додаток на роденденските прослави на Вагата, што сигурно ќе ги импресионира гостите и ќе бараат повеќе!
ОПЕРА ТОРТА за родените во знак на Шкорпија
(23 октомври – 21 ноември)
Шкорпиите сe познати по својата наметлива природа и посебна страст. Проследени со одлучни и посветени атрибути тие често се истакнуваат и како одлични лидери. Речиси секогаш можете да бидете сигурни дека родените во знакот на Шкорпија ќе ја чуваат вашата тајна, но ако ги разочарате многу тешко ќе ви простат. Еве една најдобро чувана тајна… неверојатната торта Опера! Како луксузна хармонија со сушени кори од белки и ореви, прелиени со темно чоколадо и креми од кафе и чоколадо таа е дефинитивно пријатна возбуда за сите сетила на Шкорпијата.
ПИСТАЧИО ТОРТА за родените во знак на Стрелец
(22 ноември – 21 декември)
Стрелците се познати по својата енергична и љубопитна природа. Се истакнуваат со нивната љубов кон патувањето и авантурите, секогаш со отворен ум кон светот околу нив. Нивниот оптимизам и љубовта кон промените немаат граници. Затоа богата кремаста чоколадна структура (50% чоколадо) со крем од ф’стак и маскарпоне е вистинскиот избор за нив. Влијанието на нивната љубопитна природа и интерес за новооткриените работи ги носи кон експериментирање со нови текстури и вкусови. Пистачио тортата е вкусно истражување на вкусот што ќе го импресионира Стрелецот во вашиот живот!
РОЗЕН ТОРТА за родените во знак на Јарец
(22 декември – 19 јануари)
Јарецот е хороскопски знак кој е олицетворение на одговорноста и управувањето со времето, познат по љубовта кон традицијата и чувството за сериозност. Иако Јарците можеби се мајстори за самоконтрола во нивниот секојдневен живот, сигурни сме дека нема да можат да се воздржат да земат уште едно парче од вкусна Розен торта, без разлика дали е бела или темна! Совршена Бела розен торта, направена на поинаков начин, со тенки розен кори и крем со бела чоколада богат со лешник или друга варијанта на Розен торта со тенки кори и чоколаден крем богат со ореви.
МОЦАРТ ТОРТА за родените во знак на Водолија
(20 јануари – 18 февруари)
Водолиите често се претставени како срамежливи, но дефинитивно имаат и своја енергична страна! Тие се длабоки мислители и често се истакнуваат како високо интелегентни личности, со желба да им помогнат на луѓето около нив. Тие ја посветуваат нивната енергија на луѓето кои ги окружуваат, а на светот гледаат како место на можности. Затоа, чоколадната Моцарт торта е вистинскиот избор за Водолија. Тоа е совршен вкус за љубителите на темно чоколадо, чоколадна торта со чоколадни кори и чоколадна крема, направена со вистинско темно чоколадо со 65% какао.
ГРЧКА БЕЛА ИЛИ ЧОКОЛАДНА ТОРТА за родените во знак на Риби
(19 февруари – 20 март)
Рибите се љубители на друштвото и пријателството. Несебични по природа тие често ќе им помагаат на другите и не очекуваат ништо за возврат. Па зошто да не им вратите на Рибите во вашиот живот со тоа што ќе им ја подарите оваа прекрасна Грчка торта? Ова е Грчка бела торта со кори од белки со ореви, ванила креми со парчиња плазма и чоколада, прелиена со глазура од бело чоколадо или достапна во форма на Грчка чоколадна торта со кори од белки со ореви, крема од чоколаден фил со парчиња плазма, чоколадни капки и глазура од темно чоколадо. Секако, за вистински да ги освоите Рибите, морате да додадете персонализирана порака во која ќе ја изразите вашата љубов кон нив на врвот од тортата.
извор: kumanovskimuabeti.mk