Како тропското овошје влијае на смалувањето килограми?
Ако сте љубител на авокадо може да се вклучите во најновото истражување кое го спроведуваат американски експерти за тоа како тропското овошје влијае на смалувањето на килограми.
Најсреќните 250 испитаници за плата од 300 долари треба да јадат по едно авокадо секој ден во текот на следните 6 месеци колку што трае студијата.
На студијата може да се пријават постари лица од 25 години.
За разлика од нив, во ова истражување не можат да учествуваат кандидати со поголеми осцилации на својата тежина, бремени жени или жени кои планираат да бидат бремени.
За 300 долари е потребно да учествувате на телефонски разговори и да одите на прегледи.
Покра платата, на крајот од истражувањето испитаниците ќе добијат уште 24 парчиња авокадо.