Британските домаќинства потрошиле повеќе од 12 милијарди фунти на намирници за Божиќ, што е највисока сума од почетокот на евиденцијата, покажува истражувањето на компанијата „Кантар“.
Вкупната потрошена сума е поголема пред се поради повисоките цени на храната и пијалоците, а не поради поголемата потрошувачка на граѓаните, покажува месечниот монитор на „Кантар“.
Така, обемот на продажба во декември всушност е намален за еден процент во однос на истиот период од претходната година, што покажува дека цените на храната значително пораснале, објаснуваат од компанијата „Кантар“.
Износот во декември беше за неверојатни 1,1 милијарда фунти повисок од истиот месец претходната година, за првпат надминувајќи 12 милијарди фунти.
„Износот на прометот е значително зголемен, но пред се поради поскапувањето на храната, а не зголемениот откуп“, потенцира МекКевит, истакнувајќи дека многу високиот пораст на цените на основните прехранбени производи, иако нешто поблаг од ноември.
Зголемувањето на трошоците се одрази на трошењето на британските домаќинства за традиционалната божиќна храна минатиот месец, покажа истражувањето.
Британците во декември потрошиле речиси една петтина повеќе пари на традиционални пити со мелено месо, иако не купиле повеќе отколку во 2021 година. Тие потрошиле 16 отсто повеќе пари на божиќни пудинзи, со само шест отсто продадени слатки.
Месечниот извештај на компанијата „Кантар“ ги анализира навиките за трошење на 30.000 домаќинства низ Британија и откри дека граѓаните повторно ги фаворизираат брендовите на супермаркетите. Тоа се одрази со скокот на продажбата на овие производи од 13,3 отсто во декември.
Продажбата на производи од други брендови е зголемена за 4,7 отсто.
Многу трговци на мало, исто така, го зголемија својот асортиман на премиум производи од сопствен бренд за Божиќ, чија продажба се зголеми за 10,2 отсто и за прв пат надмина 700 милиони фунти вкупно, покажа истражувањето.