Сите знаеме некој што постојани доцни, без разлика дали станува збор за колега или пријател.
Би можело да ве интересира: Само 2% од луѓето можат да го најдат сокриениот мајмун на оваа илустрација за помалку од 11 секунди
Дали има подлабока причина за ваквото однесување и како може да се промени оваа навика? Психологијата на одложувањето е еден вид нефункционалност на умот. Перцепцијата на луѓето кои доцнат е негативна, дури и кога тоа не е намерно, пишува BBC.
„Лесно е да ги сфатите овие луѓе како неорганизирани, хаотични, груби, со недостиг на обѕир кон другите“, вели Хариет Мелот, когнитивно-бихејвиорален терапевт и клинички психолог.
Но, многу луѓе кои покажуваат вакво однесување се свесни за проблемот, како и за штетата што нивното доцнење може да ја направи врз нивните односи, репутација, кариера и финансии.
Некои луѓе ќе се провлечат со изговорот дека мерењето на времето не им е приоритет, други дека подобро работат под притисок или дека имаат биоритам на ноќна птица.
Според експертите, луѓето кои не се грижат за времето се карактеризираат и со други особини како оптимизам, ниско ниво на самоконтрола, анксиозност и желба за возбуда.