Улица во мароканскиот град Маракеш го носи името Југославија.
„Одамна, одамна, пред многу години, поранешна Социјалистичка Федеративна Република Југославија била дом на многу од нас. Денес оваа држава повеќе не постои, но затоа споменот на неа сè уште го чува градот Маракеш во Мароко во кој Југославија има своја улица“, наведено е во пораката на Фејсбук страницата Титова Југославија.
Југославија и Мароко немале многу заеднички точки, но таму има улица која е именувана по бившата држава. Во многу од поранешните југословенски републики има југоносталгичари кои со задоволство се сеќаваат како се живеело во тоа време. Има истражувања кои тврдат дека луѓето во Србија, Македонија и БиХ се најголеми југоносталгичари, но има и други истражувања кои укажуваат дека над 80 отсто од Хрватите жалат за Југославија.