За време на зимскиот распуст активностите на отворено се намалуваат, па родителите, најчесто за да си олеснат себеси, им дозволуваат на децата да минуваат повеќе време „пред екраните“. Тоа, сепак, не е најдобрата опција за малечките, велат стручњаците.
Конзумирањето медиумски содржини може да им наштети на децата при развивање емпатија, бидејќи ги отуѓува од социјалните интеракции и така тие го губат интересот за потребите на другите.
Но, има начини да се намали употребата на мобилни телефони и таблети кај детето. Пред сѐ, возрасниот мора да биде пример со тоа што самиот ќе ја намали нивната употреба. Детето прво учи од своите родители и се однесува според она што го гледа кај другите.
Поставете ограничување на користењето на уредот. На детето тоа нема да му се допадне на почетокот, но сите се навикнуваат. Тоа е еден од најдобрите совети за оттргнување од екранот.
Следна „неодоливата понуда“ со други занимливи и забавни содржини, на пр. друштвени игри за целото семејство. На овој начин, освен што помалку ќе се користат уредите, децата ќе научат и нови вештини додека играат.
Корисно е да се има место каде што ќе може, едноставно – да се остави мобилниот телефон, па и возрасните и децата ќе може да се посветат на пополезни и покорисни активности.
Важно е, секако, детето да остане зафатено со она што го правите. Дозволете му, на пр., да готви едноставни оброци или да учествува во чистењето на плакарот, а тоа да биде забавно. На овој начин и детето ќе се чувствува подобро, а и ќе стекне добри навики коишто подоцна во животот ќе му бидат од корист.