Прејадувањето е тешко да се избегне за време на празниците, кога трпезата е полна со вкусни јадења кои нѐ мамат да пробаме од сѐ. Сепак, потоа чувството е непријатно, па често оние кои не можат да се воздржат од прејадување се каат за изеденото.
Добрата вест е дека природните лекови за стомак често се лесно достапни, а еден од нив е и јаболковиот оцет.
Истражувањата покажуваат дека е меѓу најдобрите природни домашни лекови за стомачни проблеми. Високата концентрација на пектин присутен во јаболковиот оцет ја ублажува мачнината и го смирува иритираниот стомак. Покрај тоа, го зголемува чувството на ситост, а неговата киселост помага во нормализирање на варењето, како и за слабеење.
Додадете 1-2 лажички јаболков оцет во чаша вода. По потреба додадете малку мед за подобар вкус. Консумирајте го овој напиток со секој оброк додека не почувствувате олеснување.