Убавата колумбијка Дијана Рамирез има многу обожаватели ширум светот, а стана популарна откако ја започна својата кариера како полицајка.
На социјалните мрежи беше прогласена за „најубава полицајка на светот“, а во интервју за странските медиуми истакна дека и е „чест да и служи на полицијата“.
„Да имав можност повторно да изберам кариера, не би се двоумела и повторно би ја работела истата професија, бидејќи благодарение на оваа институција сум таа што сум“, изјави таа.
Дијана Рамирез патролира по улиците на најопасниот град, засолниште за нарко-картелите - Меделин, и не би се откажала од својата работа заради животот на инфлуенсер на социјалните мрежи.
„Сè и должам на полицијата, пред сè што ме направи професионалец и жена што сум денес“, рече таа.
Оваа силна жена е номинирана за воен инфлуенсер на годината на наградите „Инстафест“, чија цел е да ги препознае професионалците кои создаваат дигитална содржина со голема публика.
“Чест ми е што ја претставувам полицијата со оваа номинација“, рече Дијана.