Навигацијата низ апликацијата Instagram ќе изгледа многу познато од февруари.
Би можело да ве интересира: Топ 10 апликации кои најмногу ја трошат батеријата на телефонот
Дали ве изнервира што Instagram ја премести иконата за нова објава во горниот десен агол на почетната страница? Не сте единствени.
Instagram сега објави дека делот за купување ќе биде укинат во февруари, при што новото копче за објавување ќе се врати на старата позиција, туркајќи ја иконата Reels на страна.
Првиот човек на платформата, Адам Мосери, во видео на својот профил додаде дека шопингот ќе продолжи да постои во фидот, рекламите, како и во објавите Reels и Story, но дека повеќе нема да има свој дел кој служи за препорачуваат насочени производи врз основа на интересите на корисниците.
Instagram започна со тестирање на новиот дизајн во септември, а Мосери го окарактеризира редизајнот како обид да се „поедностави“ услугата и да се фокусира на поврзување на луѓето со „работите што ги сакаат“.
Сепак, се чини дека промената е дел од поголема стратегија. Во септември, The Information тврдеше дека видел интерен допис што укажува дека Instagram ќе отстранува многу функции поврзани со купувањето. Наместо тоа, страницата ќе се фокусира на комерцијални напори кои се „подиректно поврзани“ со приходите од реклами. Со други зборови, форсирањето на шопингот не успеа.
Секако, тука е и прашањето за конкуренцијата. Бесконечниот извор на инспирација на Instagram, TikTok, уште го има копчето за нова објава во средината на долниот дел од екранот. Позицијата не е гаранција за успех, но оваа платформа продолжи да цвета и покрај фактот дека ѝ беа украдени многу оригинални функции, а минатиот октомври, според анализата на Data.ai, имаше 1,64 милијарди активни корисници. Како и да е, мило ни е што Instagram се сети дека првенствено е социјална мрежа.