Бурџ Ал Араб е најлуксузниот хотел во светот, со 7 ѕвезди, кој се наоѓа во Дубаи, Обединети Арапски Емирати.
Како изгледа внатрешноста на луксузниот хотелот и колку чини ноќевање, појадок, како и познатото капучино со 24 каратно злато, раскажува љубителот на патувања и дигитален маркетар Марко Маријоковиќ, во свое видео на Tik Tok, кој го посетил овој хотел со својот татко:
“Го однесов татко ми во најпознатиот хотел во Дубаи со 7 ѕвезди, каде едно ноќевање чини и до 30.000 евра – Burj Al Arab, најлуксузниот хотел во светот. Цените за ноќевање се движат од 1000 до 28.000 евра и иако цените се многу високи, хотелот секогаш е полн. Дури 6 км површина во овој хотел е покриена со злато, вклучувајќи врати, лифтови и огромни столбови во холот. Гостите спијат на перници изработени од фини пердуви од посебен вид на исландска патка и секоја преница чини 15.000 евра.
Може да го видите кралскиот апартман, каде едно ноќевање чини скоро 30.000 евра, а на располагање ви е приватен готвач и 8 батлери. Капацитетот на овој апартман е 6 лица и се наоѓа на височина од 220 метри.
Гостите во хотелот, од аеродром може да пристигнат со Ролс Ројс или хеликоптер – со оглед на тоа што хотелот има свој хелиодром.
Тука може да го испиете и прочуеното капучино со 24 каратно злато. Чаша златно капучино чини 22 евра. Татко ми вели дека не вреди за парите, но јас велам дека некои моменти во животот немаат цена. Ви посакувам што повеќе такви моменти во животот.”