Луѓето често го доживуваат јануари како најдолг, најдосаден и најдепресивен месец во годината. Ако на ова го додадете и фактот дека платата однапред ви е потрошена, јануари важи и за најсиромашен месец.
Откако ќе мине празничната еуфорија, трчањето по купување подароци, возбудата околу купување декорации, облека и подготовка на најразлични јадења, а од друга страна топлите и пријатни моменти минати со семејството и пријателите, следи еден досаден месец во кој не се случува ништо посебно.
Ако и вие ја чувствувате јануарската депресија, не сте единствени. Многумина го доживуваат јануари на овој начин.
Причините за тоа се различни, но ова се најчестите:
1. Празен паричник, парите ви се однапред потрошени
2. Надвор е студено и мрачно, плус воздухот е загаден.
3. Ништо не се случува, немате желба за дружење.
4. Веќе сте ги прекршиле новогодишните одлуки, наместо да сте поздрави веројатно веќе сте настинале или сте ги зголемиле килограмите.
5. Се споредувате со другите - сите одат на скијање додека вие мора да сте на работа. Споредбата со другите е најлошото нешто што може да си го правите себеси.
6. Чувствувате умор, сакате да се одморите од „одморот“.
7. Бомбардирани сте со јануарски распродажби, а вие веќе сте во минус. Затоа не ви се ни шета.
8. Караници со партнерот, сега и двајцата чувствувате поголема нервоза.
9. Гужви во теретани, сите се соочуваат со вишок килограми, па поради тоа вежбалниците се полни. Ако ви смета тоа, подобро е да вежбате дома.
10. Соочување со реалноста – минаа славите и празниците, дојде времето да се соочите со реалноста, па имате чувство како месецот да нема крај.
извор: kajgana.com