Илон Маск сега и официјално стана најголемиот губитник досега, барем кога станува збор за губење лично богатство.
Глобалната организација Guinness World Records ги следи сите видови рекордни достигнувања,а објави дека Маск изгубил вкупно 183 милијарди долари во 2022.
Акциите на Tesla паднаа за 66% во 2022 година, а купувањето на Twitter за 44 милијарди долари само ја влоши ситуацијата.
Со неговата моментална нето вредност од околу 137 милијарди долари, Маск го изгуби статусот на најбогат човек во светот. Сега на негово место е Бернард Арно, чие богатство е проценето на 190 милијарди долари.
Прочитајте: Плескавица за Гинис - тешка 67,2 килограми, направена во Лесковац
Но, Маск не е единствениот губитник. Според Forbes. Џеф Безос остана без 85 милијарди долари во 2022, a Марк Закерберг без 77 милијарди долари.
Лари Пејџ и Сергеј Брин од Google поединечно изгубија по скоро 45 милијарди долари.