Според Јулијанскиот календар, новата година година започнува на 14 јануари од Грегоријанскиот календар.
Би можело да ве интересира: 10 причини зошто јануари ни се чини како најдолг месец во годината
На 1 јануари се дочекува Новата година, но покрај тоа се празнува и Обрезание Господово и Свети Василиј Велики.
Кај земјите кои го имаат прифатено Јулијанскиот календар, 1 јануари претставува државен празник, но верските празници Обрезание Господово и Свети Василиј Велики се празнуваат на 14 јануари. Оттука доаѓа и терминот Стара Нова година, која се дочекува на 13 јануари.
1 јануари е општоприфатен низ светот како почеток на новата година низ светот, многу христијански верници сметаат дека 1 јануари е само формалност и дека токму на 14 јануари за нив почнува новата година.
Оваа традиција се негува во Македонија, Србија, Црна Гора, Белорусија, Украина, Русија, Ерусалим, но и во некои германски кантони во Швајцарија и во некои делови на Галската заедница во Шкотска.
Кај нас се слави со традицинално кршење на кравајче со паричка и се смета дека оној кај кого се падне паричката, цела година ќе го следи среќа и успех.
Извор: aktuelnosti.mk