Една од најчестите правописни грешки на кои наидуваме во секојдневието е погрешното пишување на глаголот сфати (разбере).
Би можело да ве интересира: Стапче за мешање на кафе - просто ама комплицирано: Знаете како се употребува?
Сфати има неколку значења.
Првото е да разбере, долови, проникне, навлезе во суштината на нешто.
Примери:
1. Таа сфати што се случило.
2. Некои луѓе не го сфатија предупредувањето.
Второто значење е запамети, усвои знаење.
Примери:
1. Ученикот брзо ги сфати првите лекции.
2. Децата лесно ја сфатија стихотворбата.
Глаголот сфаќа потекнува од глаголот фаќа.
Од друга страна, именката сваќа е од женски род и значи жена на сват или жена во својство на сват.
Примери:
„Сват со сваќа не се фаќа. Сфаќаш?“